– Еден маж е уапсен поради наводен кибернапад што предизвикал прекини на Хитроу и други европски аеродроми, објави ДПА .
Британската Национална агенција за борба против криминалот (NCA) соопшти во средата дека осомничен во 40-тите години е уапсен во Западен Сасекс во вторник под сомнение за злоупотреба на компјутери и дека е ослободен со кауција.
Заменик-директорот Пол Фостер, раководител на Националната единица за сајбер криминал на NCA, изјави дека „иако ова апсење е позитивен чекор, истрагата за овој инцидент е во рана фаза и сè уште е во тек“.
„Кибер криминалот е постојана глобална закана што продолжува да предизвикува значителни нарушувања во Велика Британија“, рече тој.
Овој кибернапад ја погоди американската компанија „Колинс аероспејс“, давател на аеродромски услуги, овој месец, што доведе до прекин на системите за пријавување и качување на аеродромите „Хитроу“ во Лондон и оние во Брисел, Берлин и Даблин.