дома Македонија Политика Уставниот суд ќе ја разгледува Одлуката на Владата за утврдување на бројот...

Уставниот суд ќе ја разгледува Одлуката на Владата за утврдување на бројот на членовите на советите на општините

   Уставниот суд на денешната 20. седница ќе ги разгледува предметите за Одлуката на Владата со која се утврдува бројот на членовите на советите на општините.

За оваа точка се поднесени три инцијативи. Првата е поднесена од Скендер Реџепи кој наведува дека оспорената одлука создава правна несигурност, бидејќи според него, Владата без законско овластување ја донела Одлуката со која е утврден бројот на членовите на советите во општините.

Втората иницијатива е поднесена од Ќенан Алија кој тврди дека оспорената Одлука е во спротивност со член 8 алинеја 3 и член 51 од Уставот, како и со членови од Законот за локална самоуправа. Се наведува дека извршната власт не може да го одредува бројот на членови во советот на општините спротивно од официјалните податоци добиени од Пописот во 2021 година.

Подносители на третата иницијатива се Блерим Беџети, координатор на пратеничката група „Европски фронт” и Сали Мурати, пратеник на пратеничката група „Европски фронт”. Во неа меѓудругото се наведува дека со оспорената одлука се повредува член 34 од Законот за локалната самоуправа, бидејќи според тврдењата се дава овластување на Владата да го уреди бројот на членовите на советот на општината.

ПредходнаАнсамблот „Танец“ на голема балканска турнеја, ќе го промовира македонското културно наследство
СледнаСкрининг на населението во Трубарево и околината денеска и утре