
Најновата закана на лидерот на ДУИ Али Ахмети, дека доколку Македонија не го продолжи својот пат кон ЕУ, дел од граѓаните ќе одат со Албанија, а другите со Бугарија, е директна закана за територијалниот интегритет на државата и повик за поделба на Македонија меѓу Албанија и Бугарија, се вели во соопштението од Демократскиот сојуз.о.
Демократскиот сојуз го повикува Јавниот обвинител да отвори истрага и да покрене соодветна постапка против Али Ахмети за загрозување на уставниот поредок на државата и нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет.
И покрај тоа што огромното мнозинство граѓани на Македонија нема да го послушаат овој очајнички предизборен повик на Ахмети за поделба, Демократскиот сојуз го повикува јавниот обвинител да преземе соодветни дејствија.




