Од денеска стапија во сила измените на Законот за безбедност во сообраќајот – секој што ќе преминува пешачки со мобилен телефон или ќе вози тротинет преку обележан премин ризикува парична казна..
Со законските измени, пешаците се должни да се движат внимателно и без уреди кои го одвлекуваат вниманието при минување преку улица.
Од почетокот на наредната година следуваат уште построги санкции за возачите – за минување на црвено светло и за непрописно паркирање. Контролата ќе се врши преку камерите на проектот „Сејф сити“.
Практиката не е новина во Европа – во Франција за возење тротинет по тротоар се плаќа 135 евра, во Литванија пешак со телефон на премин казна до 40 евра, а во Данска дури и до 140 евра.
Со овие измени, Македонија се вбројува меѓу балканските држави со најригорозни правила за пешаците и корисниците на тротинети. Скопје1.мк