дома Локално Крушево домаќин на настан по повод Светскиот ден на туризмот

Крушево домаќин на настан по повод Светскиот ден на туризмот

Крушево домаќин на настан по повод Светскиот ден на туризмот

  По повод Светскиот ден на туризмот, кој традиционално се одбележува на 27 септември, Министерството за култура и туризам в сабота организира настан во Крушево, на тема: „Одржлива трансформација во туризмот“.

Министерството информира дека целта на настанот е да поттикне дијалог и размена на искуства меѓу професионалците од туристичкиот сектор, локалните заедници и институциите, со фокус на добра практика и иновативни решенија кои придонесуваат за одржлив развој во туризмот.

-Во рамките на програмата ќе се одржи панел-дискусија со учество на претставници од туризмот и носители на иницијативи за одржлив туризам. Ќе бидат презентирани конкретни примери на успешни приказни, како и идеи за подобрување на туристичката понуда на национално и на локално ниво. Покрај дискусиите, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во богата програма, која вклучува: презентација на традиционални занаети, дегустација на крушевски специјалитети, активности на отворено – јавање коњи, велосипедизам и кајакарење по езерото, соопшти Министерството за култура и туризам.

ПредходнаДИК го заклучи Избирачкиот список – 1,83 милиони гласачи за локалните избори во октомври, 112.000 избирачи со право на глас од странство
СледнаСнимка од напнатиот момент во хеликоптерот: Меланија клати глава, Трамп покажува прст