дома Свет Лавров и Гутереш разговараа за Украина, Газа и реформата на ОН

Лавров и Гутереш разговараа за Украина, Газа и реформата на ОН

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш разговараа за ситуацијата во Украина и израелско-палестинскиот конфликт за време на состанокот на маргините на Генералното собрание на ОН, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи.
„Беше одржана детална дискусија за најитните меѓународни проблеми, вклучително и ситуацијата во Украина и во израелско-палестинската зона на конфликт“, се вели во соопштението, објави ТАСС.
Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, Лавров, исто така, ја нагласи важноста на „непристрасниот и подеднакво дистанциран пристап“ на Секретаријатот на ОН кон ова прашање, во согласност со член 100 од Повелбата на ОН.
Лавров и Гутереш, исто така, разговараа за „итните прашања за реформа на светската организација“, а рускиот министер нагласи дека промените треба да бидат добро измерени и насочени кон зачувување на институционалната рамка на организацијата.
Според него, промените треба да се „спроведат под строга контрола на земјите-членки и со нивна најширока можна поддршка“, соопшти министерството.
Русија и Обединетите нации, исто така, изразија цврста решеност за зајакнување на соработката.
„Руската страна ја нагласи својата посветеност на централната координативна улога на светската организација во глобалните прашања и на принципите на Повелбата на ОН како целина“, соопшти руското министерство.

ПредходнаАнкета: Најџел Фараж на пат да стане премиер
СледнаСАД воведуваат високи царини за лекови, мебел, кујнски елементи и тешки камиони