дома ТОП ВЕСТИ Алиу не е сигурен. Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево...

Алиу не е сигурен. Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат

 А што ако жителите на Трубарево исто не се сигурни дека зеленчукот и овошјето од Трубарево не им се сигирни , затоа што и министерот  за здравство Алиу, не е сигурен, па  ги извадат на пазар да ги продаваат на други граѓани  за да ги јадат, бидејќи купувачите не знаат од каде се прозиводите на пазар, таму сите лажат ! Треба ли некој да каже ако не се исправни да се уништат?

Министерот за здравство Азир Алиу нема информација дека зеленчкуот и овошјето од Трубарево не треба да се консумираат. Тој денеска, одговорајќи на новинарски прашања, укажа дека според официјалните резултати од направените анализи, нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во ова скопско село. Ама тој не рече слободно конзумирајте, ние проверивме се!

Во однос на скринигот, повтори дека вкупно 18 лица треба да продолжат со натамошни лекарски процедури.

Ова, напомена, не е завршна фаза, зашто според протоколите ќе треба да се прави скрининг уште два пати, по три и по шест месеци.

Стручната комисија на Министерството за здравство ги заврши осумте предмети од „кардиолошките случаи“, а во вторник ќе продолжи со работа по новите пет, соопшти денеска ресорниот министер Ази

Според Алиу, пратен е допис до инстиутциите – ако некој од пожарникарите или од вработените во министертсвата за внатрешни работи и одбрана кои беа вклучени во гаснењето на пожарот почувствуваат некакви симптоми, да се јават во здравствените установи.

-Два дена имавме активен скрининг, првиот ден поминаа 111 лица од кои 11 продолжуваат на Клиниката за пулмоплогија, а вториот 103 граѓани поминаа низ процедурите и од нив 7 продожуваат на Пулмологија.

Во однос на овошјето и зеленчук од Трубарево, направени се мерења во воздухот, водата и почвата, покажаа дека нема елементи над дозволените граници. Според протоколот, по еден месец повторно ќе се проверуваат вредностите и по првиот дожд. ИЈЗ ќе информира за елементите, а се надевам дека се активни и другите институции. Ние ќе излеземе со препораки. Но, нема радиоактивност таму, таа е во нормалните граници. Имаме Кризен штаб, досега немам информација дека зеленчкуот и овошјето не треба да се консумираат, подвлече министерот.

А што ако жителите на Трубарево исто не се сигурни дека зеленчукот и овошјето од Трубарево не им се сигирни , затоа што и министерот  за здравство Алиу, не е сигурен, па  ги извадат на пазар да ги продаваат на други граѓани  за да ги јадат, бидејќи купувачите не знаат од каде се прозиводите на пазар, таму сите лажат ! Треба ли некој да каже ако не се исправни да се уништат, или добри се, јадете .

ПредходнаДисциплински постапки за 11 полицајци, за случајот со Росица Коцева
СледнаПоранешни соработници на министерот Ненад Поповиќ беа уапсени поради руски паравоени логори во Србија