„Поради насоката на струење на воздухот, веројатно чадот од оваа депонија се чувствува и во делови од Скопје“, вели Ангелов
Повторно запалена депонија, овојпат во општина Арачиново во непосредна близина на Скопје. На депонијата во скопско Арачиново е фрлена поголема количина пакуван сончоглед што гори со силен пламен, соопшти циноќа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Откако во Вардариште е направена проверка и таму не е лоцирано горење, Ангелов информира дека вечерва е подметнат пожар на депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово.
„Оваа депонија има ограда и влезна врата, но скопските пожарникари ја затекнале отворена. Во неа има фрлено поголема количина пакуван сончоглед кој гори со силен пламен, но и други горливи производи“,вели тој.
Според него, најверојатно намерно запалениот сончоглед предизвикал опожарување на дел од депонијата.
„Поради насоката на струење на воздухот, веројатно чадот од оваа депонија се чувствува и во делови од Скопје“,посочи Ангелов. Тој вели дека гаснењето на пожарот ќе биде сложено, зашто обемот на зафатена површина е голем и го компликува гаснењето со вода или пена.
„Се прави процена на неопходноста од затрупување и на оваа депонија која е во надлежност на Општина Арачиново“,рече директорот на ДЗС.
Ноќеска остар мирис на опопжарен смер се чувствува посотојано во цело Скопје.



