дома Македонија Општество Денеска повторно „Марш за ангелите“ во Кочани

Денеска повторно „Марш за ангелите“ во Кочани

Денеска во Кочани по 24-ти пат ќе се одржи „Маршот за ангелите“ на семејствата и роднините на загинатите од пожарот во дискотеката Пулс. Протестот ќе започне во 17:05 часот.

Маршот ќе почне од Паркот на Револуцијата, продолжува кон Трговскиот центар, па кон Управата за јавни приходи. Ќе се направи кратко запирање на кружниот тек меѓу Основниот суд, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи – Кочани, за да им оддадеме почит на нашите деца. Потоа колоната ќе продолжи кон Министерството за внатрешни работи, оттаму кон Основниот суд, а маршот ќе заврши со враќање во Паркот на Револуцијата, се истакнува во известувањето од организаторите на Маршот.

ПредходнаПротест во Ченто против самоволието на човек од кој се жалат сите комшии
СледнаПретежно облачно, посвежо со врнежи од дожд