Движењето ЗНАМ – за наша Македонија синоќа во Скопје одржа промотивна конвенција, на која ги претстави кандидатите за градоначалници и и листите на советници. На конвенцијата беа претставени двата кандидатита за градоначалници за Општина Куманово – Максим Димитриевски и за Општината Центар – Мирослав Лабудовиќ, како и кандидатурите со советнички листи во 53 општини во целата држава.
Претседателот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и кандидат за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски нагласи дека е убеден оти неговата партија ќе победи уште во првиот круг на овие избори, затоа што, како што рече, знае многу добро што им треба на неговите кумановчани и каков градоначалник сакаат да ја води нивната и наша општина. Потенцира дека ЗНАМ влегува во изборен процес не да се натпреварува, туку да победува.