дома Свет Доналд Трамп испраќа војници во „од војна разурнат Портланд“

Доналд Трамп испраќа војници во „од војна разурнат Портланд“

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување трупи „за да го заштитат од војна разурнатиот Портланд“, Орегон, објави тој на својата мрежа Truth Social.

Според Трамп, војниците ќе ги штитат објектите на американската служба за имиграција и царина кои се „под опсада од напади од Антифа и други домашни терористи“.

„Исто така, одобрувам употреба на целосна сила доколку е потребно. Ви благодарам за вниманието кон ова прашање!“, ја заврши својата објава Доналд Трамп.

Портланд е четвртиот град – по Лос Анџелес , Вашингтон и Мемфис – каде што американскиот претседател распоредил трупи.

ПредходнаИнституциите имаат рок до 3 октомври: Повеќе нема да има мирни маршеви, туку протести и блокади, велат родителите од Кочани
СледнаКолони од моторџии, велосипедисти, трактористи, студенти и граѓани парадираа низ Нови Сад: Заврши митингот „Нема да толерираме казна“