дома Свет ЕК тврди дека е заштитена од новите американски царини за лекови

ЕК тврди дека е заштитена од новите американски царини за лекови

  Најавените американски царини од 100 проценти за фармацевтски производи нема да важат за Европската Унија бидејќи се опфатени со меѓусебен договор според кој царините нема да надминат 15 проценти, изјави во петок портпаролот на Европската комисија (ЕК).

„Сеопфатен царински лимит од 15 проценти за извозот од ЕУ е полиса за осигурување дека нема да се појават повеќе царини за европските економски оператори. ЕУ е единствениот трговски партнер што го постигнал овој резултат со САД“, рече Олоф Гил.

 Американскиот претседател Доналд Трамп најави нови увозни царини за низа производи, вклучувајќи 100 проценти за фармацевтски производи и 25 проценти за тешки камиони.

Извршната власт на ЕУ во петокот изјави дека нема причина за загриженост бидејќи рамковниот договор постигнат меѓу ЕУ и САД во јули предвидува дека царинската стапка за увоз на фармацевтски производи нема да надминува 15 проценти, што е општата стапка за извоз од ЕУ во САД.

 Што се однесува до камионите, ЕК истакнува дека извозот на овие производи во САД е многу мал, па затоа не го гледаат ова како голем проблем.

 

ПредходнаЗошто Кејт и Вилијам носеа идентични белезници за време на формална свршувачка
СледнаГвинет Палтроу на 53 години