дома Локално Димитриевски од Скопје: ЗНАМ влегува во изборен процес не да се натпреварува,...

Димитриевски од Скопје: ЗНАМ влегува во изборен процес не да се натпреварува, туку да победува

  Движењето ЗНАМ – за наша Македонија синоќа во Скопје одржа промотивна конвенција, на која ги претстави кандидатите за градоначалници и  и листите на советници. На конвенцијата беа претставени двата кандидатита за градоначалници за Општина Куманово – Максим Димитриевски и за Општината Центар – Мирослав Лабудовиќ, како и кандидатурите со советнички листи во 53 општини во целата држава.

Димитриевски од Скопје: ЗНАМ влегува во изборен процес не да се натпреварува, туку да победуваПретседателот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и кандидат за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски нагласи дека е убеден оти неговата партија ќе победи уште во првиот круг на овие избори, затоа што, како што рече, знае многу добро што им треба на неговите кумановчани и каков градоначалник сакаат да ја води нивната и наша општина. Потенцира дека ЗНАМ влегува во изборен процес не да се натпреварува, туку да победува.

ПредходнаСе истражуваат осум случаи на сомнителни операции на срце
СледнаМешовитата историска комисија ја одржа 37. средба во Софија