
Целите на земјата се да воспостави отпорен систем на сателити, копнени станици, безбедни места за лансирање и сродни услуги, рече министерот на вселенскиот конгрес на кој учествуваа политичари, научници и претставници на глобалната индустрија во Берлин.
Инвестицијата на крајот треба да гарантира „заштита и ефикасност“, додаде Писториус.
„Ова ги зајакнува нашите системи од прекини и напади“, рече тој, нагласувајќи дека станува збор за „кибербезбедноста на сите наши вселенски системи“.
Според него, планот вклучува следење на заканите за системот во орбитата, со радар, телескопи и сателити, бидејќи „Германија мора да биде способна сама да ги одврати нападите во вселената“.
Имено, Русија и Кина имаат капацитет да уништуваат, нарушуваат и манипулираат со сателити во орбитата околу Земјата, а Писториус ја опиша ранливоста на сателитските мрежи како „Ахилова пета на современото општество“.