дома Свет Балкан Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, погодена од ракета

Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, погодена од ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.


Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина.
Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.

ПредходнаЗеленски: Путин се подготвува да нападне уште една европска земја. Тој нема да чека
СледнаПристигна конкретната реакција на НАТО за беспилотните летала над Данска