
Веројатно најголемиот саем во светот, кој се отвори минатата сабота, постојано го патролираат околу 600 полицајци, а саемските простори на минхенската „Пољана“ се следат и од 54 камери, од кои 36 се инсталирани неодамна од последната генерација.
Оваа година, полицијата особено ги следи сексуалните престапници кои тајно ги снимаат жените под нивните здолништа или блузи со своите телефони. Тоа дело е казниво во Германија од 2021 година.
Досега имало апсења за нацистички поздрав со кревање испружена рака – претходно беше објавено дека еден Италијанец бил уапсен за тоа. Хитлеровиот поздрав е нелегален во Германија.
Петмина Швајцарци беа исто така приведени, и тие мораа да платат 18.000 евра за штетата предизвикана во тепачка за простор за седење во која летаа огромни кригли за пиво од еден литар.
Имало пет случаи на сексуално вознемирување, вклучувајќи и обид од страна на 23-годишен маж да допре медицинска сестра од брза помош.
Две лица осомничени за џепни кражби, како и 55-годишен маж кој се обидел да ја киднапира уапсената 19-годишна ќерка од полицијата, завршиле зад решетки.
Патем, тој се соочува со обвинение за помагање на затвореник да избега.
Октоберфест трае до 5 октомври, а се очекува 190-то издание да привлече милиони луѓе. Рекордна посета, од седум милиони гости од Германија и целиот свет, беше забележана во 2023 година.
Рекордот, во голема мера поради очекуваното идеално време, може да биде соборен оваа година.