дома Бизнис Златните резерви на САД надминаа 1 трилион долари

Златните резерви на САД надминаа 1 трилион долари

Вредноста на златните резерви на Министерството за финансии на САД денес надминаа 1 трилион долари поради рекордниот пораст на цената на овој скапоцен метал.
Цените на златото скокнаа во текот на денот на повеќе од 3.824 долари за унца, што претставува зголемување од 45 проценти од почетокот на годината, објави Блумберг.
Зголемувањето на цените на златото беше поттикнато од инвеститорите кои бараат безбедно засолниште поради трговските војни, геополитичките тензии и стравот од евентуално финансиско затворање во Соединетите Американски Држави.
Покрај тоа, инвеститорите сè повеќе веруваат дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки до крајот на годината, па затоа ги пренасочуваат своите инвестиции кон злато и други скапоцени метали.
Пазарите во моментов проценуваат дека веројатноста за намалување на каматните стапки во САД во октомври е 90 проценти, додека шансите за дополнително олабавување на монетарната политика во декември се проценуваат на околу 65 проценти.
Повеќе од половина од американското злато се чува во Форт Нокс, а остатокот е распределен помеѓу депозитите во Вест Поинт, Денвер и под зградата на Федералните резерви на Менхетен.

Вкупниот износ е околу 261,5 милиони унци.

За разлика од повеќето земји, американското злато го чува директно владата, а не централната банка. Наместо тоа, Федералните резерви поседуваат сертификати за злато кои се еквивалентни на вредноста на средствата што ги поседува Министерството за финансии и за возврат ѝ позајмуваат долари на владата.

ПредходнаМаринакис демантира дека фотографијата на Мицотакис со Трамп е лажна
СледнаДКСК: Само 42% од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори 2025