дома Локално Денеска променливо облачно, од утре постудено со дожд

Денеска променливо облачно, од утре постудено со дожд

  Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер во четврток и петок на повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во повремен снег. Температурата значително ќе опадне.

Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура. 

ПредходнаЛокални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Вевчани, Струга и Ресен, СДСМ во Лозово, Карбинци и Пробиштип
СледнаКиев бара оружје што може да стигне до Москва. Кремљ: Ова значи војна со Америка