дома Свет Мерц: Нема мир меѓу Европа и Русија

Мерц: Нема мир меѓу Европа и Русија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Европа „не е на пат на војна, но повеќе не е во мир“ со Русија.


„Дозволете ми да го кажам ова со реченица што на прв поглед може да биде малку шокантна… ние не сме во војна, но повеќе не сме во мир. Војната на Русија е војна против нашата демократија и војна против нашата слобода“, рече Мерц на медиумски настан во Дизелдорф, објави Ројтерс.
Тој додаде дека намерата на Москва е да го поткопа единството во Европската Унија.
Тој, исто така, се осврна на неговата неодамнешна поддршка за планот на ЕУ за отклучување на замрзнатите руски средства за финансирање на воените напори на Украина, велејќи дека овој потег би можел да обезбеди воена поддршка за Украина од три до пет години.
Мерц рече дека во тој период би можело да стане „економски неодржливо“ Русија да продолжи против Украина.

ПредходнаЈутјуб се согласи да плати 24,5 милиони долари за блокираниот профил на Доналд Трамп
СледнаГужва на политичкиот терен: Колку простор има за спротивставување меѓу владата и студентскиот список?