Лоша вест за пушачите. Од вчера, цените на цигарите се зголемени за 10 денари . Тоа не е мала ставка , ама пушачите ниту се бунат ниту се откажуваат.Логиката е тоа е ако нема за друго за цигари ќе има. Блаканот секогаш бил на врвот на нездравото живеење и пушењето ама тоа никого не го засега

„Моите деца пушат, тоа е луксуз, како во западните земји – луксуз. Еве пресметајте – 30 дена, син ми пуши една кутија дневно – 200 денари се цигарите, тоа се 6.000 денари месечно, а некои ги купуваат и поевтино. Јас сум за тоа да се поскапат двојно“, вели граѓанин.
„Со ова поскапување о , нема некоја разлика – тие што порано купуваа, купуваат и сега. Колку што знам, тоа е според договор со ЕУ – секоја година цигарите да поскапуваат сè додека не се изедначат со цените во ЕУ. А од кого конкретно е ова направено сега – не знам“, вели продавач.
Кој знае дали е така но едно е сигурно навиките, особено тие лошите тешко се менуваат.
.




