дома Култура Визуелно патување низ шпанскиот збор – нова изложба во Скопје

Визуелно патување низ шпанскиот збор – нова изложба во Скопје

  Со особено задоволство го најавуваме отворањето на вториот дел од ликовно-книжевниот циклус „Цртајќи книжевност – Визуелно патување низ шпанскиот збор“, подготвен од галеријата „Акантус“ со поддршка од Амбасадата на Шпанија.

Отворањето ќе се одржи во галеријата „Руди“ (ул. Теодосиј Гологанов бр. 2, агол со бул. Климент Охридски), на 1 октомври (среда), со почеток во 19 часот, каде што публиката ќе има можност да ужива во уникатна поставка на цртежи создадени како инспирација од литературното читање што се одржа во јули годинава под истиот наслов.

Изложбата обединува дела на пет талентирани македонски уметници – Дијана Томиќ, Јана Јакимовска, Петар Петков, Кристијан Јованоски и Стефан Младеновски, чија имагинација и визуелна интерпретација отвораат нови хоризонти меѓу книжевноста и ликовната уметност.

Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат изложбата до 14 октомври 2025 година.

Настанот е отворен за јавноста, а медиумите се добредојдени да присуствуваат на отворањето и да ја пренесат веста до пошироката јавност.

ПредходнаГерманија одобри извоз на оружје во Израел по делумното запирање
СледнаБитлси беа на врвот на топ листите најдолго време со оваа песна