дома Локално Поради снежни врнежи, забрана за камиони на патните правци Маврово – Дебар...

Поради снежни врнежи, забрана за камиони на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку Стража

   Од вечерва е воведена забрана за тешки товарни возила на магистралниот пат Маврово – Дебар и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Како што информира АМСМ, забраните се воведуваат поради обилните врнежи од снег и задржувањето на снегот на коловозите.

Забраната за камионите на патот Маврово – Дебар важи од  19:45 часот, а за патниот правец Гостивар – Кичево преку Стража од 20.00 часот.

ПредходнаKривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата“
СледнаФранцуски психоаналитичар и медиумски коментатор под истрага за силување