дома Македонија Црна хроника Првата електронска алка ќе ја носи 79-годишен велешанец, осуден на 3 месеци...

Првата електронска алка ќе ја носи 79-годишен велешанец, осуден на 3 месеци куќен затвор

Седумдесет и деветгодишен велешенец е првиот осуден во државата на куќен затвор, поради што и наскоро ќе биде првиот кој со електронска алка на ногата ќе ја издржува 3 месечната казна во својот дом.

Информацијата за ,,Фокус” ја споделуваат од Управата за извршување на санкции, откако прашавме дали почна употребата на електронски алки.

-Првата пресуда со која е изречен куќен затвор е донесена од страна на велешкиот суд. Истата се однесува за 79 годишно осудено лице на кое му е изречен куќен затвор во траење од 3 месеци.

Позитивните закони овозможуваат на три категории затвореници да имаат алки – на стари и изнемоштени лица, бремени жени или мајки со мали дечиња или на тешко болни и лица со инвалидитет.

.

ПредходнаДо 5 октомври аплицирање за субвенциониран студентски оброк
СледнаЧетири начини како би можело да заврши блокадата во САД