дома Локално Студено со врнежи од дожд

Студено со врнежи од дожд

  Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 10, а максималната ќе достигне само до 11 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. На планините ќе се формира значителна, а на повисоките места помала снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

ПредходнаПрвиот снег паѓа на Копаоник
СледнаБyгapиja влeгyвa вo бизниcoт co peтĸи зeмни мeтaли