Се надевам нема да гледаме премногу билатерални прашања коишто ќе го попречат процесот на проширување на ЕУ во иднина. Jа поттикнуваме Северна Македонија да оди напред кон отворање на првиот Кластер што е можно побрзо, како и да ги усвои уставните измени што беа договорени, изјави денеска финскиот министер за европски прашања Јоаким Странд, на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани.
Странд нагласи дека Финска ги охрабрува земјава како и останатите држави од Западен Балкан да го искористат овој момент, и повтори дека нема да се повторуваат вакви билатерални прашања што ќе го попречуваат пристапниот процес.
-Оваа земја е во срцето на Европа и нејзиното место е во ЕУ. Сите земји си имаат историја. И сега можеме да најдеме стотина проблеми во земјите-членки на ЕУ, така што се надевам дека ова ќе се реши на позитивен начин и дека ќе може да продолжиме понатаму, рече Странд.