дома Македонија Политика „Христијан, тргни ја суетата, барем еднаш во животот,НЕ ТИ ЈА ЗЕМАМ МАКЕДОНШТИНАТА,...

„Христијан, тргни ја суетата, барем еднаш во животот,НЕ ТИ ЈА ЗЕМАМ МАКЕДОНШТИНАТА, ФИЛИПЧЕ ПОВТОРНО ГО ПОВИКА МИЦКОСКИ ОБЕДИНЕТИ ДА ГО ОТКОЧАТ ПАТОТ КОН ЕУ

  Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Венко Филипче на денешната граѓанска трибина во Македонски Брод го повика премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да не глумат лажни патриоти и да наоѓаат маани во предлог Резолуцијата на СДСМ за црвените линии во преговарачкиот процес со ЕУ, туку да покажат натпартиски однос за доброто на државата, се наведува во соопштение на СДСМ.

Филипче од Македонски Брод: Резолуцијата со црвени линии е најсилната гаранција за државата„Велеа сакаме гаранции. И ние јасно им кажавме – гаранции може да имаме дома. Многу јасно и едноставно, како што тоа го прават во секоја држава. Еве ви ги црвените линии – ова се нашите црвени линии, нема преговори за ниту едно идентитетско прашање. Јасно и гласно. Сè е чисто како солза во текстот. Ајде сите да се обединиме околу тоа, никој ништо не ни може“, рече Филипче

Тој додаде дека токму со заедничка резолуција, потпишана од сите 120 пратеници, може да се демонстрира политичка зрелост и национален консензус.

Но, наместо поддршка, како што кажа Филипче, од ВМРО-ДПМНЕ стигнува нов предлог дека ќе подготвеле таканаречена „помакедонска“ резолуција – уште еден доказ дека се избегнува одговорноста.

„Има ли поголем доказ од ова, дека не сакаат ништо да направат? Но јас, за разлика од Мицкоски, на ова прашање гледам како на историска одговорност на нашата генерација. Јас, за разлика од него, не правам политика од иднината на нашите деца“, рече Филипче.

Во обраќањето пред граѓаните, Филипче директно се обрати и до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и јавно го повика да ги надмине личните и партиските интереси.

„Христијан, тргни ја суетата, барем еднаш во животот, за една тема. Погледни убаво што предлагаме и сам знаеш дека тоа е тоа што ни треба. Тргни ја суетата, издигни се над партиските интереси и дај да ја бутнеме оваа држава напред. Еве, ако сакаш смени нешто внатре, нека биде твоја резолуција, да не мислиш дека Филипче сака да ти ја земе македонштината. Еве, нека биде ваша, само дај да ја завршиме таа работа. Ќе останеме последна држава на Балканот без интеграција, нема да остане еден човек во оваа држава“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче и додаде дека ова е должност кон граѓаните, а предлог Резолуцијата на СДСМ е најпатриотскиот документ затоа што ќе биде прво национално обединување.

Нашата партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија никогаш не глумела лажни патриоти пред гласачите, туку се бореше за она во што верува и ќе верува, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Македонски Брод.

„Ние не глумевме лажни патриоти туку се боревме за подобри позиции. А додека ние се боревме, тие пола влада си извадија бугарски пасоши. Е тоа е разликата меѓу државници и политиканти“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ историски секогаш била таа што ги решавала проблемите, што ја движела земјата напред, додека ВМРО-ДПМНЕ била кочничар на секој процес.

„Нема напредок со лажни патриоти. Нема напредок со алчни и себични политичари што се богатат на грбот на граѓаните. Нема напредок со лажни борци за правда, кои ги полнат институциите и судството со свои кадри, а правдата ја користат за кампања. Кои бегаат од реформи како од ѓавол од крст. И тука никогаш нема да бидеме исти“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на најновите изјави на Христијан Мицкоски, кој на трибина најави дека по изборите ќе менувал судии и обвинители.

„Го слушам вечерва Мицкоски на една трибина се заканува дека после изборите ќе менувал судии и обивнители.  И добро е што конечно вистината тоа што ние година и пол го зборуваме – дека не сака да прави реформи, не сака да писне за реформите. Сака негово партиско судство коешто ќе го контролира, коешто ќе прави монтирани случаи, преку кое ќе апси луѓе коишто тој сака да ги апси,“ истакна Филипче.

Тој порача дека граѓаните одамна ја видоа намерата на ВМРО-ДПМНЕ:

„Од тоа што сакаат граѓаните нема реформи, нема независно судство. Сакам да му порачам – Мицкоски, не се заканувај, никој не ти се плаши.“ – рече Филипче.

ПредходнаМицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој ги презира криминалците кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери
СледнаСедат, пијат чај и јадат бисквити. Фон дер Лајен е бескорисна