Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди подрачјето Бугојно во Босна и Херцеговина.
Како што објави Klix.ba, земјотресот се случил во 23:40 часот и е регистриран на седум километри од Бугојно, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Како што е наведено, потресите се почувствувале и во Зеница, Ливно и Кисељак.