дома Свет Балкан Пукање во Атина, едно лице повредено, полицијата трага по сторителите

Пукање во Атина, едно лице повредено, полицијата трага по сторителите

Едно лице е повредено во пукотница што се случила утрово во центарот на Атина, на плоштадот „Агиос Константинос“ во Омонија.


Според извештајот на ЕРТ, две лица отвориле оган и лесно повредиле странски државјанин во рамото, кој шетал на плоштадот во близина на Омонија.
Повреденото лице е однесено во болница, додека полицијата започна потрага по сторителите на вооружениот напад.

ПредходнаВидео: Се степале кандидат за советник од коалициска партија и активист на ВМРО ДПМНЕ
СледнаЗемјотрес со јачина од 3,5 степени ја погоди Босна и Херцеговина