Федералниот архив примил 16.213 барања за пристап до досиеја во првата половина од годината, изјави портпаролот за ДПА во четврток. Во текот на минатата година, граѓаните поднеле 28.571 барања.„Архивата на досиејата на Штази и другите документи за поранешна Источна Германија во Федералните архиви сведочат за репресијата врз луѓето и непочитувањето на слободата на печатот и мислењето во диктатурата“, рече претседателот на архивата, Михаел Холман.
Од отворањето на досиејата на Штази во 1990 година, бидејќи граѓаните на Источна Германија инсистираа на зачувување на документите по падот на Берлинскиот ѕид, поднесени се повеќе од 7,5 милиони барања за пристап.
Речиси 3,5 милиони барања дојдоа од граѓани, додека медиумите, научните институции и државните служби исто така можат да побараат пристап.
Најмногу барања имаше во 2019 година – 56.526.
Документите се дел од Федералниот архив од јуни 2021 година, кога, по три децении, беше распуштена независната канцеларија за досиеја на Штази.
Меѓу милионите документи се и досиеја за масовно шпионирање на населението, како и фотографии и аудио снимки.
На 3 октомври 1990 година, покраините што ја сочинуваа Источна Германија беа интегрирани во Сојузна Република Германија – официјалното име за Западна Германија – со што се стави крај на поделбата по Втората светска војна.
Тој датум е национален празник – Денот на германското единство.




