Две деца беа убиени, а уште две беа критично повредени во пукотница во предградието Англтон во Хјустон на 4 октомври, објави Си-Ен-Ен.
Канцеларијата на шерифот на округот Бразорија соопшти дека полицијата реагирала на пријавите за истрели и пронашла две деца, на возраст од 13 и 4 години, смртно застрелани. Две други деца, на возраст од 8 и 9 години, биле пренесени со медицински хеликоптер во болница и се во критична состојба.
Една жена е уапсена во врска со пукањето . Врската меѓу неа и децата се утврдува. Полицијата не даде дополнителни детали за пукањето.
Англтон е град со приближно 19.500 жители и е седиште на округот Бразорија. Се наоѓа приближно 72 км јужно од Хјустон и е во рамките на метрополитенската област Хјустон-Вудлендс-Шугар Ленд.




