Ким Кардашијан се појави на модната недела во Париз во издание кое остави многумина без здив – таа изгледаше речиси идентично со нејзината мајка, Крис Џенер. Реалити ѕвездата и претприемач привлече внимание со нова, драстична промена во нејзината фризура.

Фризура како почит кон мајката
На модната ревија во сабота, 44-годишната Кардашијан претстави елегантна и остра пикси фризура, неверојатно слична на онаа по која нејзината 69-годишна мајка е позната со години.
Сличноста беше впечатлива, а Ким дополнително привлече внимание со изборот на чист црн фустан без бретели. Таа го заокружи вкупниот впечаток со дијамантски обетки, соодветна црна чанта и потпетици, додека таа лежерно фрли црно палто преку нејзините рамена за да ја истакне тесната креација.
“Крис Џенер, што правиш овде?”
Нејзината трансформација предизвикала бројни коментари на интернет, и многумина напишале колку таа личи на нејзината мајка.
“Мислев дека ова е Крис”, “Изгледаат како близнаци”, “Изгледа идентично со Крис кога беше помлада” и “Крис Џенер, што правиш овде?”, се некои од коментарите.
Како потсетник, во најавата за претстојната, седма сезона на реалното шоу Кардашиан, Ким со солзи откри дека некој нејзин близок го наредил нејзиното убиство, а оваа информација била добиена од приватни детективи.




