
Министерот за одбрана и носителот на изборна единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на митингот во Куманово на кој беа претставени кандидатите за советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, потенцираше дека градот заслужува да биде „град на можности, град на развој и град што се гради со љубов, посветеност и визија“
-Вечерва сум тука со вас да испратиме порака. Куманово заслужува да биде град на можности, град на развој и град кој се гради со љубов, со посветеност и со визија. Потенцијалот е јасен, визијата е конкретна, а можностите за развој се реални и остварливи, порача Мисајловски.
Тој истакна дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно инвестира во сите општини и дека ќе продолжи со активности и иницијативи за подобрување на животниот стандард и просперитетот на граѓаните.
-Заедно градиме иднина во која модерната инфраструктура ќе биде за сите, квалитетното образование и социјалната поддршка ќе бидат основа за развој и просперитет, подвлече Мисајловски, повикувајќи на единство и поддршка во изборниот процес.
Ги повика граѓаните масовно да излезат на избори на 19 октомври и да го направат, како што рече, вистинскиот избор за својот човек, своето место и својата иднина, нагласувајќи дека доаѓа време на луѓе кои се тука да служат на народот и Куманово




