Меган Маркл направи импресивно појавување на модната недела во Париз минатата сабота за да го поддржи нејзиниот пријател – модниот дизајнер Пјерпаоло Пичиоли, кој е новиот креативен директор на Balenciaga.
Меган присуствувала на модната ревија Balenciaga, облечена во елегантен бел ансамбл од широки панталони и јакна од последната колекција на модната куќа. Нејзиниот изглед беше надополнет со црни чевли со остар прст и коса собрана во пунда. Подоцна, таа исто така била фотографирана во стилски црн фустан.
Според портпаролот на војвотката, нејзината посета е израз на поддршка за новиот креативен почеток на Пичоли: “Низ годините, војвотката носеше голем број на дизајни на Пјерпаоло. Тие работеа заедно на клучните моменти на светската сцена. Таа долго време го цени неговото мајсторство и модерна елеганција, и вечерва не беше исклучок”.

Настанот беше прво учество на сопругата на принцот Хари во модните недели по повеќе од десет години. Нејзиното пристигнување во Париз било објавено преку приказна на Инстаграм, а видео ја покажало како патува со кола низ улиците на француската престолнина.

И подоцна истата вечер во Париз
Принцот Хари и Меган Маркл живеат во Монтесито, Калифорнија, со нивните деца Арчи и Лилибет. Последната позната посета на Меган во Велика Британија била во септември 2022 година за добротворен настан, кога останала во земјата и по смртта на кралицата Елизабета II, се сеќава БиБиСи.