Скопје, 6 октомври 2025
Приватните автобуски превозници во Скопје од утре ќе сообраќаат по редовен возен ред. ЈСП попладнево уплатила по 6 милиони денари на трите компании.
Според сопственикот на Јофи Бус Јовица Зафировски, сумата не е многу голема но сепак одлучиле да се вратат со редовно возење со цел граѓаните да не чекаат на автобуските постојки. Сумата, како што рече, задоволува само за наредните две недели да возат редовно и очекува уплата од ЈСП за за можат да работат без прекин.
Приватните превозници Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани кои сообраќаат во Скопје во петокот побараа од ЈСП да им биде исплатен вкупниот долг од 170 милиони денари. Тие денеска возеа редузирано од 5 до 10 часот, а од утре се враќаат по редовен возен ред.