Кортизолот, познат како “хормон на стрес”, игра клучна улога во регулирањето на различни телесни функции. Меѓу нив се метаболизмот, нивото на шеќер во крвта, воспалението, па дури и меморијата. Затоа, кога нивото на кортизол во телото е зголемено, особено за подолг временски период, може да се почувствуваат негативни ефекти врз нашето расположение, имунолошки систем, тежина и целокупното здравје.
Но, во потрагата на модерниот човек да го намали стресот и да ги ублажи неговите негативни ефекти, здравите навики се особено важни, вклучувајќи правилна исхрана и избегнување на храна и пијалоци кои го зголемуваат нивото на кортизол. Еве пет такви примери.
Слатка храна и пијалоци
Без разлика дали се десерти, бонбони, други видови слатки или газирани пијалоци, сите тие можат да доведат до скок и колапс на нивото на шеќер во крвта.

Нашето тело ја гледа оваа реакција како стресор и ослободува кортизол како одговор.
Кофеин
Иако конзумирањето кафе е исто така поврзано со многу здравствени придобивки, не треба да претеруваме со количината.

Причината е тоа што кофеинските и енергетските пијалоци го стимулираат централниот нервен систем и предизвикуваат нашето тело да го зголеми нивото на кортизол.
Алкохол
Алкохолот може да го попречи квалитетниот сон и способноста на нашето тело да се справи со стресот. Ако го консумираме често и/или во големи количини, тоа може да доведе до нерамнотежа на кортизолот.

А високите нивоа на кортизол, за возврат, придонесуваат за други здравствени проблеми, како што се висок крвен притисок и зголемување на тежината.
Пржена храна
Колку и да се примамливи, пржената храна често содржи многу заситени или транс масти. Нивното консумирање води до воспаление и стрес на телото, што соодветно предизвикува ослободување на кортизол.

Пржената храна содржи рафинирани јаглехидрати, кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.
Преработена храна
Како и пржената храна, преработената храна содржи заситени или транс масти, како и рафинирани јаглехидрати, кои доведуваат до зголемување на нивото на кортизол.

Заедно со ова, нивната конзумација ја нарушува рамнотежата помеѓу добрите и лошите цревни бактерии, предизвикувајќи поголем стрес за телото, пишува Vogue.