дома Македонија Економија Направени се првите трансакции преку СЕПА

Направени се првите трансакции преку СЕПА

Направени се првите трансакции преку СЕПА откако од денеска почнаа во земјава да се применуваат истите правила за прекугранични плаќања во евра како во земјите од Европската унија.


Приклучувањето на земјава кон СЕПА значи поевтини и побрзи прекугранични плаќања во евра и за граѓаните и за компаниите.
– Исторски ден за нашата држава. Денес се направени првите трансакции преку СЕПА – системот што ја приближува Македонија кон европското платежно подрачје. До шест пати пониски трошоци за граѓаните и до осум пати пониски трошоци за компаниите, напиша гувернерот Трајко Славески на платформата X.
Барањето за приклучување кон СЕПА беше поднесено на 10 јули лани, а на 6 март годинава беше прифатено од Европскиот совет за плаќања.

ПредходнаСо години ја чекавме сезоната која ќе ја гледаме за еден ден. Зошто сите серии траат толку долго?
СледнаНовиот албум на Тејлор Свифт предизвика обвинувања за расизам, евгеника и хомофобија.