Во инцидент што се случи во неделата околу 19:00 часот во предградието на Нант, еден полицаец е повреден, а неговиот колега отвори оган врз возачот на автомобил кој се обидувал да избега, објавија денес француските медиуми.
Сообраќајната полиција се обиде да го запре возачот на автомобил кој претходно направил низа сериозни прекршоци во Ла Шапел-сур-Ердр, во северните предградија на Нант, но возачот одбил да ги почитува наредбите на полицајците, избегал и притоа го соборил полицаецот, објавува весникот „Фигаро“.
Откако влегол во ќорсокак, возачот на автомобилот одеднаш се обидел да се сврти, а потоа го соборил полицаецот кој штотуку излегол од возилото.
По тоа, друг полицаец испукал два истрела од огнено оружје, насочени кон тркалата на возилото, што го принудило возачот да се предаде.
36-годишниот возач веднаш бил приведен и се очекува да биде обвинет за обид за убиство на припадник на Националната жандармерија, возење во пијана состојба и одбивање да се покори на наредба на офицер.