Веста за разделбата на Никол Кидман и Кит Урбан го изненади светот минатата недела, иако подоцна стана јасно дека двајцата се подготвувале за овој момент уште од летото.
Во меѓувреме, 58-годишната актерка од „Бејбигерл“ официјално поднесе барање за развод и се чини дека продолжува со својот живот.
За ова сведочи нејзиното појавување на Неделата на модата во Париз. Кидман се појави на ревијата на Шанел на 6 октомври во минималистичка комбинација од широки сини фармерки и бела кошула со долги ракави.
Она што остави впечаток беше промената во нејзината фризура – Никол имаше шишки, направени од ѕвездениот стилист Адир Абергел. Тој самиот се пофали со тоа во објава на Инстаграм.
„Каква ноќ во @chanelofficial. Нова ера со шишки“, напиша тој. Објасни дека инспирацијата за новата фризура на актерката ја црпел од стилот на 70-тите и француските модни икони од тоа време.

Никол Кидман го докажа добро познатото верување дека секоја жена прибегнува кон промена на косата кога сака да започне нова фаза во својот живот. На ревијата на Шанел, таа беше во друштво на своите две ќерки од Урбан – 17-годишната Сандеј Роуз и 14-годишната Фејт Маргарет.