дома Свет Рокот на Макрон за подготовка на план за решавање на политичката криза...

Рокот на Макрон за подготовка на план за решавање на политичката криза во Франција истекува

НА полноќ помина рокот што францускиот претседател Емануел Макрон му го постави на Себастијан Лекорну, кој поднесе оставка од функцијата премиер во понеделник, да изработи план за решавање на политичката криза во земјата, давајќи му последна шанса да ја спаси својата влада.

Лекорну вчера ги започна преговорите и ќе продолжи денес со партиите, кои ги обвини дека не се подготвени за компромис по оставката.

Десничарските републиканци изразија подготвеност да продолжат да учествуваат во малцинска коалиција на сојузниците на Макрон доколку бидат исполнети нивните барања за поголемо влијание во новата влада.

Крајната десница, чии претставници одбија да се сретнат со Лекорну, инсистира на барање за предвремени парламентарни избори, додека левицата бара оставка од Макрон.

Макрон, пак, беше критикуван и од сојузниците и поранешните премиери, Габриел Атал и Едуар Филип.

ПредходнаНападнат автомобил во кој се наоѓал претседателот на Еквадор, луѓе фрлаат камења
СледнаДанска ги ограничува социјалните медиуми за деца