Снимка од безбедносна камера го открива моментот на нападот врз функионерот на опозицискта ДУИ во Куманово. На сникмата се гледа дека напаѓачот е сам , објави скопската Тв 21.
Снимка од улична камера, објавена од ТВ 21, ја прикажува целата сцена на вооружениот напад што се случи попладнето во Куманово. На видеото се гледа како напаѓачот, облечен во качулка, се доближува до автомобилот со кој се возел д-р Зеќирија Шахини – носител на листата на опозициската ДУИ за советот на Општина Липково – и како напаѓаќот рафално пука кон него.
Наспроти првичната информација од МВР дека нападот го извршиле двајца напаѓачи, снимката покажува дека тој што пука е сосема сам.
Д-р Шахини, лекар-пулмолог на скопската Клиника за пулмологија, бил ранет во ногата. Министерството за здравство соопшти дека неговата состојба е стабилна и дека закрепнува.
Од опозициската ДУИ остро го осудија нападот и побараа од полицијата и обвинителството веднаш да го пронајдат и казнат сторителот. Осуда има од речиси сите политички субјекти во трката за локални избори 2025.