дома Македонија Политика Кампањата за Локалните избори влегува во второто полувреме

Кампањата за Локалните избори влегува во второто полувреме

  На десеттиот ден од изборната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со своите активности на терен – со митинзи и директни средби со граѓаните во повеќе градови и општини низ државата.

Кампањата за Локалните избори во второ полувреме, партиите во трка за довербата на граѓанитеВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе ги претстават своите кандидати во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош, додека СДСМ продолжува со кампањата во Долнени, Кривогаштани и Прилеп.

Левица најави активности во општините Аеродром и Центар, каде ќе се обратат претседателот на партијата Димитар Апасиев, кандидатот за градоначалник на Скопје Амар Мециновиќ, како и останатите кандидати за општински функции.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска напладне ќе одржи прес-конференција во Општина Шуто Оризари.

Прес-конференцијата ќе одржат и потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми, кандидатот за градоначалник на општина Врапчиште, Исен Шабани, и кандидатот за градоначалник на општина Теарце, Назим Таипи.

Кампањата за локалните избори завршува на 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври.  Вториот круг ќе се одржи на 2 ноември.

Локалните избори 2025 се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3.480 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури. 

Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – шеснаесет. 

ПредходнаЕвропскиот парламент го осудува порастот на антисемитизмот, десничарите ги обвинуваат левичарите и миграцијата
СледнаВо Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата против три лица за дивите депонии во Вардариште