дома Свет Балкан Brussels Times: Белгија размислува за испраќање затвореници на Балканот поради пренатрупаните затвори

Brussels Times: Белгија размислува за испраќање затвореници на Балканот поради пренатрупаните затвори

  Белгиската влада ја разгледува можноста за изградба или изнајмување затвори во странство, евентуално во Автономната покраина Косово и Метохија или во Албанија, за да се реши проблемот со пренатрупаноста во локалните затвори, според Brussels Times.

Министерката за правда Анелизе Верлинден и министерката за миграција Анелине ван Босеит започнаа тридневна мисија на Косово   и Албанија за да ја проценат политичката подготвеност за прифаќање белгиски затвореници и зајакнување на соработката во борбата против организираниот криминал, објавува бриселскиот весник.
За време на посетата на Балканот, се очекува да се потпише и декларација за намера за споделување на конфискуваниот имот стекнат преку криминални активности, вклучително и средства запленети како дел од истрагите за шифрирани комуникации „SKY ECC“, објавува белгискиот весник.
Белгискиот затворски систем моментално има повеќе од 13.000 затвореници, додека капацитетот е околу 11.000 места, а околу една третина од затворската популација е составена од странци без дозвола за престој, што е околу 4.400 лица.

Белгиската влада смета дека префрлањето на некои затвореници во странство би можело да го намали притисокот врз затворскиот систем.
Планот се потпира на данскиот модел од 2021 година, според кој Данска изнајмува затворски капацитети на Косово , меѓутоа, белгиските власти признаваат дека сличен проект би барал неколку години подготовка и значителни финансиски средства, објаснува весникот.
Според студијата на белгискиот комесар за бегалци,  Косово  и Албанија се единствените територии надвор од ЕУ кои, како што се тврди, „ги исполнуваат условите за евентуално воспоставување затворски капацитети – почитување на владеењето на правото и човековите права“.
Иако белгиската влада тврди дека трансферот на странски затвореници би помогнал во олеснувањето на товарот врз системот, анализите покажуваат дека таквата мерка би можела да опфати најмногу околу два проценти од вкупната затворска популација, заклучува „Бруселс тајмс“, додавајќи дека, засега, мисијата на министрите е исклучиво од истражувачка природа.

ПредходнаХунтата во Мјанмар уби 40 луѓе на фестивал и протест
СледнаАксиос: Пратениците на Трамп, Виткоф и Кушнер, пристигнаа во Египет на разговори за војната во Газа