Куќен притвор им е определен на сопственикот на „Марковски компани“ и на раководителот од РЕК Битола. Обвинителството бараше мерка притвор, но предлогот не е прифатен поради што од Обвинителството најавуваат жалба на ваквата одлука на судот.
– Основниот суд во Битола не го прифати предлогот на ОЈО Битола за определување мерка притвор за двајцата осомничени и наместо тоа определи мерка куќен притвор. Надлежниот јавен обвинител не се согласува со ваквата одлука, особено имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, од кои едниот има и значителен имот во друга држава. Од тие причини обвинителството ќе вложи жалба на одлуката на Судот и ќе бара мерка ефективен притвор, информираa вечерва од Обвинителството.
Основното јавно обвинителство Битола отвори истражна постапка против осум физички и едно правно лице за кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола.