дома Свет Макрон повторно го назначи Лекорни за премиер на Франција

Макрон повторно го назначи Лекорни за премиер на Франција

– Претседателот на Франција Емануел Макрон повторно го назначи Себастијан Лекорну за премиер и го задолжи да формира нова влада, соопшти кабинетот на Макрон.

Новото назначување доаѓа откако Лекорну поднесе оставка на функцијата претходно оваа недела. Неговата непосредна задача ќе биде в понеделник да го достави буџетот до Парламентот.

„Ја прифаќам – по должност – мисијата што ми ја довери претседателот на Републиката да направам сè што е можно Франција до крајот на годината да добие буџет и да се позанимавам со секојдневните животни прашања на нашите сограѓани“, напиша Лекорни на платформата „Икс“.

Тој најави дека ќе се консултира со претставници на различни политички сили за да формира нова влада и додаде дека „мора да се стави крај на политичката криза која го нагризува францускиот народ и на нестабилноста штетна за имиџот на Франција и нејзините интереси“.

Со повторното назначување на Лекорну, Макрон ризикува незадоволство кај политичките ривали, кои тврдат дека најдобриот излез од најдлабоката политичка криза во земјата во последните неколку децении е Макрон да одржи вонредни парламентарни избори или да поднесе оставка.

Предходна19 лица загинати или исчезнати во експлозија во фабрика во Тенеси
СледнаЕстонија се спротивставува на строгата забрана за социјалните медиуми за деца