Министерот за надворешна политика Тимчо Муцунски тврди дека со Велика Британија не е разговарано ниту е склучен било каков договор за прифаќање мигранти.
Тој во објава на Фејсбук ги отфрли како дезинформации ваквите информации и ги оквалификува како штетни и во насока на дневно-политички цели.
– Во целост ја отфрлам дезинформацијата дека Владата или Министерството за надворешни работи и надворешна трговија разговарале или склучиле било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти. Такво нешто не постои – ниту како иницијатива, ниту како политичка намера. Ваквите шпекулации се неосновани, штетни и служат исклучиво за дневнополитички поени. Наместо ширење лажни вести, очекуваме сите политички чинители да се држат до фактите и да покажат минимум одговорност, стои во објавата.
Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче денеска коментирајќи ги пишувањата во „Политико“ дека Британија е се поблиску до договор за отворање на центар за мигранти во една држава од Западен Балкан, го повика Муцунски да одговори дали за ова е разговарано со Македонија и дали има некаква врска со заемот што ни го даде Британија.




