дома Македонија Се трага по разбојниците кои ограбија златара во Гостивар

Се трага по разбојниците кои ограбија златара во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Гостивар во текот на ноќта и денеска издал повеќе наредби за откривање на разбојниците кои вчера ограбија златара во Гостивар.

Четворицата разбојници маскирани со автоматско оружје го извршиле грабежот по што избегале со „БМВ“ без регистарски таблички.

Случајот го потврди и полицијата од каде информираа дека кај нив грабежот е пријавен вчера во 18:45 часот.

ПредходнаРоби Вилијамс, Дара Екимова, ALI и повеќе – 5 нови песни на неделата
СледнаБрамбл коктел – модерен класик кој го носи духот на Лондон