Обилните дождови во Мексико убија најмалку 21 лице, а други се водат како исчезнати, објави Ројтерс. Поројните дождови предизвикаа неколку лизгања на земјиштето, прекинаа со електричната енергија во некои општини и предизвикаа излевање на реките.
Службите за цивилна одбрана во државата Идалго пријавија 16 смртни случаи и наведоа дека се погодени најмалку 1.000 станбени згради и стотици училишта.
Гувернерот на државата Пуебла, Алехандро Армента, изјави дека најмалку три лица загинале во лизгање на земјиштето , а пет други се водат како исчезнати. Властите објавија уште две смртни случаи во државата Веракруз.
„Работиме на поддршка на населението, отвораме патишта и ги обновуваме електричните услуги“, напиша претседателката Клаудија Шајнбаум на X. Таа сподели фотографии од спасувачи кои носат залихи низ калливи и поплавени улици.
Министерството за одбрана соопшти дека распоредило повеќе од 5.400 лица за да помогне во следењето, евакуацијата и чистењето на погодените области.
Во меѓувреме, бурите Рејмонд и Присила ја погодија Калифорнија и западниот брег на Пацификот во земјата.