дома Македонија Политика Павле Трајанов најави победа на советничката листа на Демократски сојуз во Конче

Павле Трајанов најави победа на советничката листа на Демократски сојуз во Конче

На локалните избори, Демократскиот сојуз во Конче настапува самостојно со листа на советници.Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, заедно со кандидатите за советници и носителот на советничката листа Јонче Здравев (19), посети повеќе населени места (Дедино, Гавревци, Ракитец,  Лубница, Горни и Долни Липовиќ), како и Конче, каде разговараше со граѓаните за програмските приоритети кои  обезбедуваат рамномерен развој на сите населени места во општината, се вели во соопштението на Демократски сојуз, коешто МИА го објавува интегрално.

Павле Трајанов најави победа на советничката листа на Демократски сојуз во КончеДоколку се работи чесно и посветено, Конче може да биде модерна и една од најубавите општини. Шумите, водите, езерото Мантово и идеалната надморска височина се одлични предуслови за развој на туризмот, земјоделието и сточарството.

Само поголема грижа и насочување на компаниите да инвестираат во преработувачки капацитети, се гаранција младите да останат во овој прекрасен крај.

Трајанов нагласи дека во соработка со Владата општината Конче има потенцијал да гради инфраструктура, пред се локални патишта, обнова на водоводната мрежа, пречистителни станици, бесплатен превоз, здравствена заштита, редовна набавка на лекови за повозрасните граѓани, како и решавање на други потреби на граѓаните.

Трајанов вети соработка со сите советници и отворена врата за сите граѓани.

Трајанов ги повика граѓаните да излезат на 19 октомври, да гласаат за Јонче Здравев, кој под бројот 19 е носител на листата на советници на Демократскиот сојуз.

Јонче Здравев е гаранција дека заедно со сите граѓани ќе ја градат општината.

ПредходнаЗа локалните избори досега одобрени вкупно 1.249 акредитации за набљудувачи
СледнаХамас денес ги ослободи заложниците, прослави во Израел. Трамп: Војната е завршена