Граѓанин пријави Маја Шупут и Шима Елез за возење на мотор без кацига, пишува далматинскиот портал.
“Бидејќи г-дин Марко Перковиќ Томпсон исто така беше казнет за возење мотор без кацига, го очекувам истиот третман од Министерството за внатрешни работи. Гледам дека двајца полицајци одат зад луѓето за кои станува збор на почетокот на видеото, така што ова е малку бизарно”, напишал тој во апликацијата на Министерството за внатрешни работи.
Случајот на кој тој се осврна е стар повеќе од десет години. Томпсон бил казнет со вкупно 1500 куни за возење на мотор без заштитна кацига на главата и 12-годишно дете било со него. Во тоа време, тој бил на чело на колона на мотоцикли од Чавоглав до Дрниш и назад по повод годишнината од бурата.
Маја и Шиме се возеле на мотор до сцената во Ловран каде што таа настапувала. Гледајте ја снимката на моментот во видеото.