дома Македонија Црна хроника Еден загинат и тешко повредено 18-годишно момче во директен судир на две...

Еден загинат и тешко повредено 18-годишно момче во директен судир на две возила на експресниот пат Штип – Велес

Во директен судир на две патнички возила вчера попладне на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а 18-годишно момче е тешко  повредено.

 

Увид  направила  екипа на СВР Штип, потврдија за МИА од МВР.  На местото на настанот била повикана и екипа на Противпожарната единица од Велес.

Д-р Елена Најдовска изјави дека констатирале смрт кај повозрасен маж од едното возило, кој  починал на самото место на директниот судир. Рече дека веднаш му укажале лекарска помош на 18-годишното момче од Струмица кое било во другото возило. Имал повреди на карлица, на десно колено и на главата, но бил свесен и контактибилен.

По укажаната прва медицинска  помош, екипата од Итната помош го пренеле повреденото момче на понатамошно лекување во Ургентниот центар во Општа болница Велес.

Екипа на СВР Штип прави увид на местото по што ќе бидат соопштени детали за несреќата.

Автомотосојузот на Македонија во вонреден извештај попладнево  информираше дека сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес беше во прекин во двата правца.

ПредходнаФилипче: Премиерот треба да знае дека граѓаните не може да живеат од неговите спинови, туку од она што им останува во паричникот
СледнаОблачно со сончеви периоди, од среда дожд